Гравина до Сејдини: Можеш да бидеш горд пријателе, ти си лидер на фудбалскиот прогрес!

1131

 

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија,Габриеле Гравина испрати официјална честитка до првиот човек на ФФМ,Муамед Сејдини. Тие двајцата имаа официјална средба во Палермо, во градот во кој Македонија славеше со 0:1над Италија,но Гравина се покажа како голем спортсмен и му ја честита победата на Сејдини со писмо. Во писмото покрај другото стои:

 

„Драг Муамед, драг пријателе

Минатата ноќ по последниот судиски свиреж поради публиката и сите работи кои се случуваа по мечот не бев во можност да дојдам да Ви честитам Вам и на вашиот тим за големата победа. Затоа тоа го правам сега, преку ова писмо.

За нас беше лоша ноќ, но во спортот секогаш има победник и губитник. А фудбалот е интересен затоа што е возбудлив и не секогаш победува фаворитот. Мои срдечни честитки за вашиот успех кој ги израдува сите во вашата државата, доказ за тоа е прославата во Скопје.

Можеш да бидеш горд затоа што ти си лидер на овој фудбалски прогрес, јас сум сигурен дека овој натпревар во Палермо ќе остане засекогаш во аналите на македонскиот спорт. Деновите во Палермо се зад нас, но нашето големо пријателство останува.

Ви посакувам среќа и успех во Порто. Верувам дека уште една незаборава ноќ е возможна“.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноЕ.Пелистер ја расипа забавата на Вардар и „Комити“, со цел плен си оди од Скопје(ФОТО)
СледноСтојанче Стоилов „збесна“ – па „поцрвене“ (ФОТО)