Да внимаваме на ова момче: Има 178 см, а „решета“ со глава како Бироф на времето!

784

ФОТО: Тwitter

Португалија се пласира во финалето на плеј-офот за пласман на СП 2022 година по победата над Турција со 3:1, а еден од головите беше дело на Диого Жота. Фудбалерот на Ливерпул постигна прекрасен гол со удар со глава. Изненадувачки за Жота ова е петти гол со глава за националниот тим во последните две години што е неверојатен статистички податок ако се знае дека е висок 178 сантиметри. Да разбереме попрецизно, во истиот период Кристијано Роналдо постигнал пет гола од пенал.

Генерално Жота е еден од најдобрите стрелци со глава во Европа.
Тоа го покажува и статистиката кога се бројат настапите за клубовите и репрезентацијата.На листата на стрелци на голови со глава и за клубовите и репрезентацијата, од почетокот на 2020/21 Жота има вкупно 13 голови.
Тоа е шест помалку од лидерот во оваа категорија Левандовски. Сепак, мора да се каже дека кога станува збор за настапите само за националните тимови тогаш тој предничи со пет голови.

Со тоа Жота може да се спореди и со легендарниот поранешен германски репрезентативец Оливер Бироф кој беше специјалист за погодоци со глава.

 

Да потсетиме и дека Жота не е класичен напаѓач, туку офанзивен играч за врска. Неговата умешност да се протне низ противничката одбрана при прекините го прави непредвидлив и незгоден. На него Македонија треба посебно да внимава!

Инаку Жота има вкупно 23 настапи за Португалија од дебито во 2019 година и вкупно девет погодоци. Тој потекнува од младинскиот тим на Пакош Фереира, играл и за Порто една сезона, а кариерата ја градел во Вулверхемптон, а сега во Ливерпул.

ПретходноНационалите денеска од 16 часот на тренинг, за Порто се лета утре попладне!
СледноМилевски, Трајковски и Барди ќе добијат дипломатски пасоши!