Е.Пелистер ја расипа забавата на Вардар и „Комити“, со цел плен си оди од Скопје(ФОТО)

851

Новата пресметка меѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер заврши во корист на гостинскиот тим, кој беше многу подобар противник во текот на целиот меч, на крајот славеа со 23-24. Ова прва победа на Е.Пелистер во Скопје, а истата доаѓа во незгодно време, „црвено-црните“ сакаа на „Комити“ да им подарат триумф за јубилејот.

Сега Пелистер е лидер на табелата со еден бод повеќе од Вардар, па трката за титулата станува интересна.

Овој дуел се играше пред полни трибини, во СЦ „Јане Сандански“ покрај обичните фанови на македонскиот првак, беа и двете навивачки групи на двата тима, „Комити“ и „Чкембари“. Освен на стартот на мечот, кој почна со инцидент, веднаш по влегувањето на битолските навивачи, до крајот беше само препукување со песни и транспаренти.

Пелистер ја имаше доминацијата во првото полувреме, водеше во поголем дел од мечот со еден гол. Вардар само еднаш успеа да дојде на плсу два. По 6-7, Талески го повлече тимот, со два негови погодоци и еден на Моралес, македонскиот првак дојде на 9-7 во 24. минута. Избраниците на Жељко Бабиќ брзо се вратија, Павлетиќ и Маркоски израмнија на 9-9. Дибиров врати за 10-9, но гостинскиот состав подобро се снајде во завршницата, на одморот замина со плус еден гол (11-12).

Во жешката пресметка на теренот, битолчани успеаја да поведат со два гола, за првпат со 14-16, нешто подоцна не искористија три напади за да дојдат до позитива од три гола. Во серија влезе Томовски, а на другата страна одличен беше и Кизиќ. Двајцата имаа неколку интервенции во низа.

Две одбрани на Кизиќ го дигнаа Е.Пелистер, во 46. минута дојде на плус три (16-19), Табоада пропушти шанса за поголемо водство. Вардар 1961 не успеа да казни максимално, само намали на 17-19. Кизиќ одбрани, а Табоада зголеми на 17-20 во 50. минута.

Сликата не се промени во 53. минута беше 19-22, Дејвис мораше да повика нов тајм-аут. Стоилов доби исклучување, збесна, но мина само со две минути казна, на голема среќа. Мандалиниќ со бомба зголеми на 19-23 на пет минути до крајот.

Вардар не е Вардар, ако не најде да се врати, но не искористи шанса за реми. При последните 20-24, битолчани примија три гола (23-24 во 58 минута), но и останаа без Табоада, кој заработи два минути исклучување, Томовски запиша две важни одбрани. Откако битолчани не искористија напад, на другата страна Додиќ не успеа да реализира за триумф на битолчани. Стоилов не можеше да се помири со поразот, доби црвен картон за крај.

Табоада постигна шест гола, Мандалиниќ беше стрелец на пет гола, на другата страна Дибиров запиша шест погодоци, Моралес еден помалку.

ПретходноВисар Муслиу: Оваа шанса мора да се искористи!
СледноГравина до Сејдини: Можеш да бидеш горд пријателе, ти си лидер на фудбалскиот прогрес!