И Жерминал Бершот поради Пачовски навива за Македонија! (ФОТО)

1290

И Белгија, односно У-18 тимот на Жерминал Бершот навива за Македонија, и ќе навива за нашата репрезентација на дуелот во Порто меѓу Португалија и Македонија, меч за пласман на СП во Катар.

И тоа поради Томе Пачовски, тренерот на голманите на овој тим на Жерминал Бершот. Инаку неговата млада екипа, воедно му го честиташе и победничкото деби како тренер на голманите за репрезентацијата на Македонија, му посака уште многу вакви успеси.

Да потсетиме дека пред кусо време Пачовски беше назначен за тренер на голманите во стручниот штаб на селекторот Благоја Милевски, и во неговиот прв меч Македонија победи и тоа против Италија на гости.

Нема што, убав гест на младите фудбалери на овој клуб од Белгија.

No description available.

ПретходноЕкс – селекторот на Македонија до Португалците: Внимавајте на Елмас, тој ќе ви задава големи проблеми!
СледноЧудесно: Две од најголемите три сензации во историјата се на Македонија!!!