„Лудиот Ник“ го „исчисти“ Рубљов за помалку од еден час

219

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос ќе игра во шеснаесетфиналето на Мастерсот во Мајами откако го совлада седмиот тенисер на светот Андреј Рубљов. „Лудиот Ник“ го „избиша“ рускиот тенисер во два сета за помалку од еден час игра. Во првиот сет Рубљов поведе со 2:1 и тоа беше се од него. Противникот ја презеде иницијативата и го доби сетот со 6:3. Во вториот Кирјиос не му дозволи ниту еден гем (6:0).
Во следното коло Кирјиос за ривал ќе го има Фабио Фоњинин.
На другите мечеви бугарскиот тенисер Димитров е поразен од Мек Доналд со 1:6 и 4:6, Монфилс го совлада Германецот Оте со 7:6(11) и 6:1, Шварцман е елиминиран од Кокинакис со 6:4/6:7(7)/4:6…
Во женскиот дел Швјонтек се пласира во наредната рунда по победата над Голубиќ со 6:2 и 6:0, Понатаму одат и Азаренка по триумфот над Александрова, Петра Квитова по триумфот над Бурел 6:1/3:6/6:3…

ПретходноТерористички напад во Џеда, сепак, Ф1 трката ќе се одржи
СледноИбрахимовиќ: Ќе играм додека не видам некој подобар од мене