Селекторот Благоја Милевски, како и репрезентативците Александар Трајковски и Енис Барди ќе добијат дипломатски пасоши од МНР. Ова го објави министерот Бујар Османи, инаку целата процедура веќе е започната, сите тројца денеска се фотографираа за пасошите и ги потпишаа потребните документи.
„Тие се наши најважни амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и на мечот со Португалија“ истакна Османи.