Спрскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ денеска на прес конференција објави дека по втор пат во животот му е дијагностицирана леукемија. Тој веќе еднаш ја победи оваа болест, но истата повторно се појавила. Па така, тој ќе мора во следниот период да биде хоспитализиран и да биде под специјален третман.
„Подготвен сум да научам уште една лекција. Следната недела заминувам во болница. Оваа болест очигледно е доста храбра и ме тестира до максимум, сака да ме „фати“ – изјави Михајловиќ.