Мутињо: Ниту ќе ни биде полесно против Македонија, ниту сме изненадени што се тука

1411

Репрезентацијата на Португалија денеска имаше една од своите редовни прес конференции пред финалниот бараж дуел за пласман на Мундијалот во Катар против Македонија во вторник.
На истата се појави искусниот Жоао Мутињо, кој смета дека Португалија како фаворит на овој дуел, во ниту еден момент не смее да се однесува така, затоа што тоа ќе им се удри од глава. Македонија според него е силна, квалитетна репрезентација која сосема заслужено триумфирала против Италија и покрај статистичките податоци и офанзивата на „Азурите“ за кои потврдува дека на крајот се бескорисни ако не постигнеш гол.

„Искрено, веста за елиминацијата на Италија не ме изненади. Сите мислеа дека Италија ќе пројде но Македонија е тимот кој се наоѓа во финалето. Истото може да ни се случи и нам. Фудбалот во моментов е спорт, во кој секој може да победи секого. Силата се покажува на терен, не на хартија. Македонија е финалистот, имаат силен тим, и се сериозен противник. Самодовербата мора да ни е на највисоко ниво“ – вели Мутињо па додава.

„Во исто време мора да сме многу трпеливи, да не брзаме, мора да го бараме вистинскиот простор, за дриблинг, за топка во длабочина. Знаеме дека се многу опасни во контра напад. Мора да сме многу претпазливи, сконцентрирани. Македонија одлично се брани видовме сите што и се случи на Италија“ – вели офанзивецот па поентира.

„Не, не мислам дека ни е полесно што играме против Македонија. Ако играме против Македонија, тогаш тоа значи дека тие ја елиминирале Италија нели? Повторувам, мора да сме максимално сконцентрирани и да не ги потцениме, зошто ќе не казнат со сигурност. Ако бидеме на највисоко ниво ќе дојдеме до победата поинаку никако. Да, Португалија заслужува да е на Мундијалот, но тоа во моментов не ни значи ништо. На терен се заработува тоа“ – вели крилниот фудбалер.

 

ПретходноПелистер добар против Спарс
СледноМихајловиќ повторно има леукемија