Дербито во СЦ „Билјанини извори“ во рамките на второто коло во плеј-офот меѓу Охрид и Бутел заврши без победник (25-25). Скопскиот состав и со еден бод засега треба да биде задоволен бидејќи третото место засега го држи без проблем.
Охриѓани имаа негатива во првото полувреме (14-17), но во вториот дел се промени сликата. Целосно се вратија во мечот, прво изедначија на 21-21, а потоа дојдоа и до водство од 23-21. Бутел Скопје се врати во игра, до самиот крај се играше гол за гол. Ремито беше реален исход за двата тима.
Николов и Шилегов беа лидери кај домаќинот со шест погодоци, на другата страна Мајич со девет гола беше први име кај Бутел и на теренот.