Пелистер добар против Спарс

197

 

Со конечниот резултат од 97:90 тимот на Пелистер предмалку ја оствари својата нова победа во АБА 2 лигата над тимот на Спарс Сараево. Во дуел во кој доминираше, и во кој ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот меч, Пелистер покажа дека денеска едноставно беше подобар од ривалот.

Најдобар поединец кај тимот на Пелистер беше Кесар со 24. поени, а веднаш зад него Малешевиќ со прекрасно 23 поени, девет скока и пет асистенции. Трет во листата најзаслужни за овој триумф на битолчани беше Николиќ со 13 поени и четири скока.

Ова за Пелистер беше четвртата победа во 13 одиграни кола до сега, додека пак тимот на Спарс има осум победи и пет порази.

 

 

 

ПретходноПортугалците за 200 евра почнаа да ги препродаваат билетите за мечот со Македонија!
СледноМутињо: Ниту ќе ни биде полесно против Македонија, ниту сме изненадени што се тука