Формула 1 тимот на Хас вечерва соопшто дека Мик Шумахер нема да се натпреварува на утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија.
Во квалификациите, пилотот на американскиот тим имаше тешка несреќа. Беше објавено дека Шумахер избегнал значителна повреда, но бил испратен во болница на преглед.
„Со оглед на инцидентот во квалификациите, Мик Шумахер нема да учествува на утрешната трка“, објавија од Хас.
Тимот исто така објасни дека ќе се натпреварува на Саудиското Гран При со еден болид кој ќе го вози Кевин Магнусен.