Вардар 1961 и Е.Пелистер, битка која има голем влог. Домаќинот со победа ќе биде чекор кон титулата, гостите ќе се обидат да ја прекинат нивната доминација и да ја добијат оваа важна средба. На полувремето водат ракометарите на Е.Пелистер со 11-12.
На трибините е вистинско лудило, тука се „Комити“, тука се и „Чкемабри“. Двете навивачки групи се „пецкаат“ со пораки. На стартот имаше мал инцидент, но веднаш беше смирен, засега се е во најдобар ред.
„Титули во Лига на шампиони и европска слава не можат да стекнат морони, само паркет кренат во глава“, е пораката на фановите на Вардар до битолските навивачи.
На другата страна „Чкембари“ им порачаа на „Комити“ дека со Вардар се во несупешен брак, играте со Пелистер вие в сала пак.