Со конечни 5:1, тимот на Работнички денеска на „Алумина“ го совлада тимот на Осогово на пријателски меч. Головите за прволигашот ги постигнаа Бојан Илиевски, Драшко Ѓорѓевиќ, Анес Рушевиќ, Марио Станковски и Рафаел Гоес да Силва. За гостите пак погоди Тоше Манов.
Тимот на Работнички својот следен првенствен натпревар го игра против тимот на Струга Трим Лум.