Селекторот на Италија У21: Поразот од Македонија ни покажа дека ни е лош системот

694

Селекторот на У21 репрезентацијата на Италија Паоло Николато зборуваше за начинот на кој се развива фудбалот во Италија, посебно за националниот тим и укажа на голем број на пропусти кои мора да се поправат за да се врати реномето на италијанскиот фудбал во наредните четири до пет години. Тој посочи една важна компонента, а тоа е работата со младите италијански фудбалери во клубовите.
Младата репрезентација на Италија одигра 1:1 со Црна Гора на денот кога сениорскиот национален тим доживеа елиминација во баражот за СП 2022.
Мораме да го промениме системот. Овој систем е лош. Мораме да работиме да се вратиме за 4,5 или 6 години и да бидеме конкурентни. Притоа мора да се направат структурни работи. Еден од главните проблеми е што малку италијански играчи играат во клубовите, клубовите се најдоа во тешка ситуација, се борат со финансии и да обезбедат менаџерски па дури и технички континуитет. Дел од нив беа принудени да ги распуштат младинските тимови“, посочи Николато.

Видете што ни се случува. На Сп 2010 се пласиравме но не ја поминавме групата, во 2014 истото ни се случи, во 2018 го загубивме плеј-офот, сега повторно плеј-офот, како што тргнало наредниот пат нема ни да ја поминеме квалификациската група. Поразот од Македонија е резултат на работата што ја работевме или НЕ ја работевме во последните години.
Ова е време кога никој не смее да ја заврти главата и да ги стави проблемите под тепих. Мораме да ги здружиме силите и експертизата за да разбереме што треба да промениме за да тргнеме нагоре и да растеме и на клупски план и во репрезентацијата. Можеби треба да почнеме да ги менуваме работите одозгоре… Не знам, но знам дека мора да се направи нешто.
Исто така треба да разбереме дали може да се направи нешто со економските ресурси кои сега постојат, а кои не се високи. Има многу работи за кои мора да се разговара и што побрзо тоа се направи тоа е подобро“, вели Николато.

ПретходноКонечната листа на потенцијални купци на Челзи се сведе на четири имиња
СледноАргентина ја совлада Венецуела, а Меси најави повлекување!? (видео)