Серхио Перез со прва пол-позиција во кариерата во Саудиска Арабија

184

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, во последниот круг од квалификацисиите успеа да избори најдобро време и да ја обезбеди првата пол-позиција во својата кариера.

Перез до првото стартно место стигна со време 1:28.200. Зад Перез останаа двата болида на Ферари, од кои Шарл Леклер ќе стартува од втората позиција, додека трет ќе биде Карлос Саинц Јуниор.

Првите десет ги комплетираат Верстапен на Ред Бул од четвртото место, потоа Естебан Окон со Алпин, Џорџ Расел со Мерцедес, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Пјер Гасли и Кевин Магнусен.

Луис Хамилтон ќе стартува од 16-та стартна позиција. Трката за Големата награда на Саудиска Арабија е на програмата во недела од 19 часот.

ПретходноЛевандовски веќе договорил трансфер?
СледноИ во Кавадарци без победник, Алкалоид го освои Неготино, Пролет „живна“