Се оди според планот….Македонија може, Македонија сака (ВИДЕО)

381

Фудбалската федерација на Македонија предмалку објави мотивационо видео со елементи од историскиот дуел во Палермо и победата во бараж полуфиналето за пласман на Мундијалот во Катар против Италија. Тој историски момент е овековечен со уште еден видео запис кој ќе не потсетува на она што се случи пред два дена.

Секако, истото ќе важи како дополнителна мотивација за нашите момци на чело со селекторот Благоја Милевски истото да го сторат и во Португалија, на финалето од баражот и да се радуваме сите колективно на првиот, историски пласман на фудбалската репрезентација на Македонија на едно Светско првенство.

ПретходноЧкембарите тргнаа кон главниот град: најавуваат „инвазија“ на Скопје
СледноТенисот има нова кралица: Полјачка на врвот на АТП листата