Македонската фудбалска репрезентација ќе има уште посилн аподдршка на трибините на стадионот „Драгао“ во Порто. според најавите, неколку туристички агенции подготвуваат чартер лет за Порто за оние кои се заинтересирани да бидат дел од историскиот натпревар на нашата фудбалска репрезентација на патот до Светското првенство во Катар.
Според најавата, ова задоволство и историско патување ќе чини 500 евра. Останува да се види дали и за колку време ќе се пополни бројката на заинтересирани патници.