Стојанче Стоилов „поцврене“ на дуелот против Е.Пелистер. Капитенот на Вардар 1961 тешко го прифати тонењето на неговиот тим на оваа пресметка. Во самиот финиш, прво доби две минути исклучување, по што им се нафрли на најдобрите македонски судии Начевски и Николов.
Но, не застана, во самиот финиш на мечот доби „црвен“ картон. Стоилов беше бесен, неговиот Вардар 1961 не ја искористи шансата да направи голем чекор кон титулата, а сега по поразот од 23-24, се на второто место на табелата со бод помалку од директниот конкурент Е.Пелистер, кој со цел плен си замина од СЦ „Јане Сандански“.