Тенисот има нова кралица: Полјачка на врвот на АТП листата

68

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја совлада Викторија Голубиќ со 2:0 (6:2, 6:0) на ВТА турнирот во Мајами и го обезбеди првото место на новата ВТА листа која ќе биде објавена по завршувањето на турнирот.
Откако, се уште актуелната, прва тенисерка на светот Ешли Барти се повлече на само 25 години, полската тенисерка ја искористи шансата и со само една победа да се искачи на врвот на светската листа.
Швјонтек стана првата полска тенисерка која станала светски рекет број 1, но и прва тенисерка родена во 21. век која го запоседна светскиот врв.
Во следната рунда на ВТА турнирот во Мајами ќе игра со американската тенисерка Медисон Бренгл.

ПретходноСе оди според планот….Македонија може, Македонија сака (ВИДЕО)
СледноРаботнички со добра контрола против Осогово