Терористички напад во Џеда, сепак, Ф1 трката ќе се одржи

274

Саудиска Арабија гарантира безбедна трка во Формула 1 во сабота и во недела и покрај тоа што нападот во близината на патеката додека возачите го одработуваа тренингот. Шефовите во Формула 1 потврдија дека нема да го менуваат планот и трката ќе оди по распоред после четиричасовниот состанок со раководителите на тимовите и возачите.
При крајот на првиот слободен тренинг складиштето на саудиската нафтена компанија Арамко во градот Џеда беше цел на нападот. Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските бунтовници Хути.
Тие изјавија дека цели на нападите со ракети се рафинериите во Џеда, а Арамко е една од нив после Рас Танура и Рабиг.
Самата компанија Арамко е еден од спонзорите на Формула 1 и исто така инвестира во тимот на Астон Мартин.

ПретходноСимиќ со 20 поени против Олимпијакос
Следно„Лудиот Ник“ го „исчисти“ Рубљов за помалку од еден час