Фиорентина го смени клупското лого

361

Фудбалскиот клуб Фиорентина го претстави новото клупско лого кое ќе биде на дресовите во иднина. Оваа сезона на дресовите се појави лого кое ги се употребувало од 1981 до 1991 година но тоа не им се допадна ниту на управата ниту на навивачите поради што се отиде на нова варијанта.
Конечно, дизајнот е презентиран, на логото останува стилизиран лилјан, а под него буквата V што е потписот на клубот „Виола“. Oва лого ќе се користи од сезоната 2022/23.
Фиорентина е двоен италијански шампион, шесткратен освојувач на Купот на Италија, финалист во Европскиот куп во сезона 1956/57, финалист во Купот на УЕФА во 1989/90 и освојувач на Купот на победниците на Куповите во 1961 година.

ПретходноИбрахимовиќ: Ќе играм додека не видам некој подобар од мене
СледноКонечната листа на потенцијални купци на Челзи се сведе на четири имиња