Денеска е голем ден за ракоментот во Македонија. Се игра дербито Вардар – Пелистер. Се е подготвено за фешта, за спектакл, за битка и на теренот но и на трибините.
Вардар и Пелистер имаат битка за бодови, но на трибните „Комити“ и „Чкембари“ имаат свој „дуел“. Битолчани веќе се на пат за Скопје, најавуваат „инвазија“. Од друга страна навивачите на Вардар, ја спроведуваат својата „мобилизација“, атакуваат на рекордна бројка во салата „Јане Сандански“. Сигурни сме дека ќе биде се во најдобар ред и дека ќе уживаме во екстра ракомет, и екстра атмосфера од трибините, каква што беше онаа во Битола, при дербито одиграно таму, каде што „Комити“ исто така беа присутни, и се мина во најдобар ред.
Мечот започнува во 17:00 часот.