Чудесна Македонија. Фудбалскиот свет се уште е под импресии на она што се случи во Палермо завчера, и нашата победа од 0:1 на гостувањето кај Италија. Македонскиот триумф беше своевидна приказна на денот, која одекна ширум светот.
Еве уште еден факт колку е таа фудбалска Македонија – чудесна Македонија.
Имено според специјализираниот сајт за спортска статистика „Gracenote“, оваа победа е трета најголема сензација во историјата на квалификациите за Светските првенства на тлото на Европа.
Ова се мери според шансите во проценти кои им се даваат на аутсајдерите на натпреварите.
Па така прва најголема сензација е победата на Луксембург над Швајцарија на гости со 1:2 во 2008 година во квалификациите. Пред овој меч на гостите им се давале само 2.8 насто шанси за успех.
Втора најголема сензација е победата на Македонија над Германија минатата година во Дуисбург со 1:2, тука шансите биле 7.1 насто. Додека трета е победата на Македонија кај Италија со 0:1, тука шансите биле 7.8 насто.
Со ова Македонија ги приредила двата од најголемите три фудбалски шока во Европа во историјата на квалификациите за Мундијалите.