Фудбалската селекција на Шпанија во пријателски натпревар ја совлада Албанија со 2-1. Сите голови на натпреварот беа постигнати во последните 15 минути.
Шпанија поведе во 75. минута со голот на Феран Торес, но десет минути подоцна Албанија израмни со еден навистина смешен гол.
Победата на „црвената фурија“ и ја донесе Дани Олмо со одличен гол во 90. минута.
Шпанија во вторник ќе одигра пријателски натпревар со Исланд, а истиот ден Албaнија ќе игра против Грузија.