Аталанта го урна Голден Стејт

316

Утринава се одиграа седум натпревари во НБА лигата. Атланта Хокс славеше над Голден Стејт Вориорс со 121:110 иако имаше многу проблеми на стартот на мечот, посебно во одбраната. Хокс славеа со 33 поени на Јанг и дури 15 негови асистенции, Данило Галинари исто така беше расположен со 25 поени, а Кевин Елтер додаде 20 поени.
Кај Голден Стејт Клеј Тимпсон постигна 38 поени, а Џордан Пул 24 со 10 асистенции. Ова е 26 пораз на Голден Стејт кој е трет на Западот, а Аталанта се искачи на 19-тата позиција на Истокот и има идентичен скор во победи-порази 37-37.

На другите мечеви: Шарлот – Јута 107:101, Детроит – Вашингтон 97:100, Мајами – Њујорк Никс 103:111, Минесота – Далас 116:95, Портланд – Хјустон 106:125, Л.А. Клиперс – Филаделфија 97:122.

ПретходноАргентина ја совлада Венецуела, а Меси најави повлекување!? (видео)
СледноБарди со порака до ФИФА: Ако ја победиме Португалија дајте ми го пехарот одма, не мора да одам во Катар!