Во пресрет на мечот со Португалија, финалето од плеј – офот за пласман на СП во Катар, пред денешниот тренинг свој коментар имаше Стефан Ашковски.
И тој како и сите негови колеги од репрезентацијата верува во нов успех.
„Полека, но сигурно емоциите слегнуваат по мечот во Палермо. Сега пред нас е нов меч, со Португалија во Порто. Се надеваме дека ќе одиграме квалитетно, ќе дадеме се од себе да го нашиот народ уште еднаш. Јас сум убеден дека можеме многу. Португалија е одлична селекција, со одлични поединци, но во фудбалот поважен е тимот.Очекувам од наша страна уште подобро издание во Порто“ посочи Ашковски.