Висар Муслиу, дефанзивецот кој во Палермо одигра на највиско ниво, секако дека ќе биде еден од нашите главни адути и на мечот во Порто, против Португалија. Познато е дека Македонија е на само 90 минути од пласман на Мундијалот во Катар. Токму затоа Муслиу вели оваа шанса мора да се искористи.
“Ваква шанса се дава можеби еднаш во животот, пласман на СП, токму затоа мора да се искористи. Ние ќе дадеме се од себе да го оствариме нашиот сон. Секој меч е посебен, така ќе биде и во Порто. Португалија е фаворит, но и Италијаа беше фаворит во Палермо. Сепак се виде дека на терен се докажува квалитетот“ посочи Муслиу.