Марко Кизиќ, детето кое растеше во Вардар 1961, а потоа го напушти тимот поради малата минутажа го реши дербито во СЦ „Јане Сандански“. Репрезентативниот голман влезе во второто полувреме на местото на Мартон Секељи и влезе во серија.
Кизиќ запиша осум одбрани, сите во вистинско време. Застана на голот, на теренот кој за него добро е познат, не му дозволи на својот некогашен тим да направи голем чекор кон титулата.
Од вечерва битолчани се нови лидери на табелата имаат 10 бода, два повеќе од Вардар, па битката за титулата добива еден поинаков тек. Ќе биде интересно до крајот на плеј-офот.