Екс – селекторот на Македонија до Португалците: Внимавајте на Елмас, тој ќе ви задава големи проблеми!

8304

Љубинко Друловиќ, некогаш познат српски репрезентативец и селектор на Македонија во 2015 година, денеска за медиумите во Португалија има интересна изјава.

Имено тој сега е баран и поради фактот дека како фудбалер играше за Порто и Бенфика, а и поради фактот дека на дел од овие момци, како Трајковски, Ристовски, Алиоски… им беше предводник.

Португалија мора многу, многу да внимава. Македонија сега е екстра мотивиран тим, знае што сака и знае како да дојде до својата цел.Сите репрезентативци без поговор го почитуваат својот селектор Милевски кој кога јас бев во Македонја тој беше предводник на У-21 тимот. Мислам дека на Португалија нема нималку да и биде лесно, сепак да не се лажеме вие сте фаворити“ им порача Друловиќ на Португалците.

За тоа кој од играчите на Македонија може да направи проблеми, Друловиќ нема никакви дилеми.

Елмас, апсолутно. Има одличен шут, добро го познавам, најопасен е кога влегува по левата страна. Тој ќе ви задава големи проблеми. Македонија има добар блок во средниот ред со Барди и Адеми, а тука е Стефан Ристовски кој играше во Спортинг Лисабон, како и Алиоски по страничните линии. Македонија има одлична транзиција, па не бадилаја ги победи Германија и Италија на гости. Не смеете никако да ја потцените таа репрезентација“ рече покрај другото екс – селекторот на Македонија.

ПретходноПортугалија – Македонија: Влезниците за македонските навивачи по цена од 820 денари!
СледноИ Жерминал Бершот поради Пачовски навива за Македонија! (ФОТО)