По сите оние натчовечки напори кои нашите момци ги издржаа во Палермо, на епскиот дуел со Италија, добија еден ден одмор од селекторот Благоја Милевски по враќањето во Скопје.
Но сега е време за работа, за Португалија, за се она што ќе се случува во вторник на “Драгао“ каде ќе се води решавачката битка за пласман на СП во Катар.
Па така денеска од 16 часот на спортскиот центар на ФФМ ќе се одработи првиот тренинг по враќањето од Палермо, утре наутро ќе има уште еден, за да потоа во 17 часот со специјален чартер лет се патува во Порто.
Јасно е дека за дуелот со Италија засилени сме со враќањето на Елиф Елмас и Тихо Костадинов и јасно е дека цела Македонија ќе трепери во вторник вечерта за нашите момци кои ќе одат по историја, по пласман на СП во Катар.