Само што влегоа „Чкембари“, во СЦ „Јане Сандански“ настана инцидент, но без последици (ВИДЕО)

2885

Битката меѓу двата најголеми конкуренти за титулата во македонскиот ракометен шампионат почна. Во СЦ „Јане Сандански“ е вистински празник на ракометот, трибините се полни, според дозволениот капацитет во време на пандемијата Ковид-19.

„Комити“ кои слават 35-годишен јубилеј доминираат, на другата страна од нив се „Чкембарите“ кои не ги оставија своите миленици без поддршка на оваа важна средба.

Не мина ниту минута по влегувањето на навивачите на гостинскиот тим, а веќе на трибините имаше мал инцидент, но истиот веднаш беше прекинат, обезбедување кое за жал е во мал број, не дозволи да ескалира ситуацијата.

Да се надеваме на мирен меч без проблеми.

 

ПретходноШкупи во пријателски натпревар ја победи Воска со 1:0
СледноПресметка меѓу „Комити“ и „Чкембари“ со транспаренти (ФОТО)