Синиша Михајловиќ по втор пат во својот живот ќе треба да се лекува од леукемија. Откако еднаш веќе ја победи, болеста повторно се врати во неговиот организам и тој наскоро ќе мора да замине на лекување.
Во знак на поддршка, клубот Болоња каде што во моментов е тренер српскиот стратег, автоматски му го продолжи актуелниот договор до 2024 година давајќу му до знаење дека цврсто верува во него и во неговото опоравување и дека го гледа како прв човек на тимот и во иднина.
#Bologna will offer to Sinisa #Mihajlovic the contract extension until 2024. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) March 27, 2022