Месут Озил вчера доживеа големо понижување. Фенербахче го суспендираше од екипата, а причина е конфликтот со тренерот на тимот Исмаил Картал, кој отворено му порача дека не е задоволен од неговите настапи.
Ситуацијата ескалираше на дуелот со Коњаспор, покрај исфрлувањето од тимот, 33-годишниот германски фудбалер остана без „десетката“.
Озил, сепак остана присебен и испрати јасна порака.
„Најважен е Фенербахче“, кратко напиша тој, објавувајќи фотографија со знамето на Фенер и на Турција.