„Нашиот“ судија од Тбилиси, ќе ни суди и во Порто!

630
EDITORIAL USE ONLY No use with unauthorised audio, video, data, fixture lists, club/league logos or "live" services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications. Mandatory Credit: Photo by Ian Tuttle/BPI/REX (10536147ag) Referee Anthony Taylor Millwall v Sheffield United, Emirates FA Cup Fourth Round, Football, The Den, London, UK - 25 Jan 2020

Ентони Тејлор од Англија ќе биде главниот судија на мечот Португалија –Македонија во вторник на “Драгао“ во Порто.Во мечот кој ќе се решава патникот за Мундијалот во Катар. Интересно, Тејлор ни судеше и на оној историски меч во Тбилиси на 12 ноември 2020 година кога со голот на Пандев ја победивме Грузија и се пласиравме на ЕП.

Па, зарем е можно одново Тејлор да ни суди на еден ваков историски меч, веројатно најголем во нашата фудбалска историја. Секако дека не се буниме. Тејлор ни донесе среќа во Тбилиси ако може така да се каже, нека ни донесе и во Порто.

Инаку важи за еден од најдобрите судии во светот, постојано суди во Премиер – Лигата, ЛШ,  најзначајните мечеви во квалификациите за ЕП или СП.

Негови помошници ќе бидат Гери Бесвик и Мајкл Нун, а четврти е исто така познатиот Мајкл Оливер.

ПретходноМесут Озил се огласи откако беше понижен
СледноПо перфекција во Широки Бриег: МЗТ Скопје за потврда на врвот пред стартот на плеј-фот