По три и пол часа лет македонската репрезентација пристигна во Порто каде што во вторник вечер ќе ја бара визата за Мундијалот во Катар. Мечот се игра на „Драгао“, стадионот на локалниот гигант Порто, а Македонија по триумфот над Италија со голема доза на оптимизам пристигна во Португалија.