Академија ФМП продолжува со одличните партии. Тимот од Кисела Вода го запиша четвртиот триумф во низа, вкупно 14. оваа сезона, откако на домашен терен го совлада Гостивар со убедливи 82-70 во дерби пресметката за третото место на табелата.
На другата страна Александар Јончевски и неговите момци навлегоа во криза, во Скопје го запишаа третиот пораз во низа, осми по 20 одиграни натпревари.
Иако се чинеше дека ова ќе биде дерби во вистинска смисла на зборот, сепак Академија ФМП добро го имаше подготвено мечот. Некаде од средината на првата четвртина, домашниот состав го наметна своето темпо, поведе со 23-14. Во вториот период дојде на двоцифрени 36-21, со голема предноста замина и на одморот 43-29.
Јончевски не успеа да најде против игра за противникот. Неговиот тим постојано беше во двоцифрена негатива, 63-49 беше на истекот на третиот период. Академија ФМП не дозволи пресврт, искусно го приведе мечот и сосема заслужено се радуваше на победа.
Крстајиќ и Петровски беа лидери кај домашниот тим, заедно постигнаа 38 поени, кај гостите Силаџи имаше 30 поени.