Езџјан Алиоски беше еден од хероите во Палермо. Спаси чист гол по шутот на Берарди, можеме само да помислиме што ќе беше ако во тој момент пред нашиот гол не се појави Џани и ја спаси Македонија.
Секако дека Алиоски и тоа е ккако е познат во Швајцарија, па таму и ја започна својата кариера.
Па талка за тамошниот весник “Блик“ популарниот Џани даде интересен коментар по повод мечот со Португалија…
„Видете, Португалија во своите редови го има еден Роналдо. Тој веќе две децении игра во врвна форма и секако дека сака да игра во Катар. Ние не сакаме да му расипеме кариерата на Роналдо со евентуално отсуство од Мунидијалот, но и ние сакаке да одиме на СП, и ние сакаме да ги оствариме сонот“ рече покрај другото Алиоски.