Барди го вози Елмас, „опсада“ на Ристовски

12751

Македонскиот национален тим вечерва пристигна во Порто каде што треба да го одигра историскиот меч за пласман на СП 2022. Противникот е силната Португалија, поранешен европски шампион на чело со Роналдо.
На аеродромот беа присутни и португалски новинари кои му се нафрлија на капитенот Стефан Ристовски за интервју. Тоа е очигледно затоа што нашиот бек им е познат на Португалците со оглед на тоа дека настапуваше за Спортинг Лисабон, па му се нафрлија со микрофоните и со камерите да каже нешто за претстојниот меч.
А од позадина интересен момент, Барди го вози Елиф Елмас со количка. Изледа Барди решил да го штеди својот колега од напор за да може тој да се сконцентрира на дуелот затоа што е многу важна алка во средниот ред.
Се на се, расположението е одлично, нашите фудбалери се упатија кон хотелот каде што ќе се сместат. Мисијата е јасна, одиме на победа на „Драгао“ и визата за СП во Катар.

Порто, дојдовме по визата за Катар (ФОТО+ВИДЕО)

ПретходноМЗТ Скопје против стариот должник во 1/4 финалето
СледноТрајковски, Морган и Вилијамс го уништија Куманово