Бернардо Силва: Не знаеме што да очекуваме од Македонија!

1713

Бернардо Силва, офанзивецот на Манчестер Сити е еден од клучните играчи во селекцијата на Португалија. Тој во пресрет на финалето од плеј – офот за пласман на СП во Катар, денеска за медиумите во Португалија покрај другото го кажа и ова…

Искрено не знаеме што да очекуваме од Македонија. Сепак имавме можност да ги запознаеме преку видеа, станува збор за агресивен тим, кои секогаш сакаат да играат со топка. Секако дека ја респектираме Македонија, ако веќе дошла до тука тогаш станува збор за квалитетен тим, тука нема дилеми. Ги победила Германија и Италија на гости, треба да бидеме внимателни со Македонија. Од друга страна знам дека Португалија мора да оди на Мундијалот во Катар“ потенцираше Бернардо Силва.

ПретходноРашфорд прави изненадувачки прв трансфер во кариерата
СледноПо дебаклот со Македонија: ПСЖ и Јунајтед го сакаат Манчини на своите клупи!