Дејвид Бекам подготвува „бомба“ засилувања

693

Дејвид Бекам има големи планови за ова лето, во Интер Мајами сака да донесе бомбастични засилувања.

Прво кој може да го облече дресот на овој клуб е Луис Суарез, неговиот договор со Атлетико Мадрид истекува, а Бекам веќе е во преговори, Уругвајецот имал желба да се проба во МЛС-лигата.

На радарот на Бекам е Лионел Меси. На Аргентинецот не му оди најдобро во ПСЖ, па МЛС-лигата не е толку невозможна опција. Па токму затоа поранешниот англиски репрезентативец ќе се обиде да го убеди Аргентинецот, кој најави дека сака да се проба во МЛС-лигата, но нешто подоцна. Ќе видиме дали оваа негова желба се променила.

На листата на желби на Бекам и Интер Мајами е Серхио Бускетс од Барселона, кој е на крајот на својата кариера, па МЛС-лигата не звучи така лошо.

Доколку успее да ги донесе Меси, Суарез и Бускетс, Интер Мајами и тоа како ќе биде вистински хит.

ПретходноПо тешката несреќа: Мик Шумахер утре нема да вози на ГН на С. Арабија
СледноМик Шумахер се огласи по стравичниот инцидент