Драматичен финиш во Ф1: Верстапен го победи Леклер, лош настап на Мерцедес

410

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен победи на спектакуларната трка за Големата награда на Саудиска Арабија откако во последниот круг го претекна возачот на Ферари Шарлс Леклер.
Леклер беше лидер до самиот финиш на трката, а на крајот актуелниот шампион го претекна и стигна до првата победа во новата сезона. Леклер проба да возврати меѓутоа немаше среќа затоа што во првиот сектор, во кој Ферари е побрз од Ред Бул, се вееше жолто знаме, поради што беше јасно дека возачот на Ферари тешко ќе може да го нападне ривалот од Ред Бул.
Третото место го освои другиот возач на Ферари Карлос Сајнц кој зад водечкиот Верстапен заостана нешто повеќе од осум секунди. Четврти заврши Перез од Ред Бул, Расел од Мерцедес заврши на петтото место. Луис Хамилтон заврши дури на 10. место што е јасен показател колку лоша трка имаше Мерцедес во Саудиска Арабија.

ПретходноРаботнички по пресврт и продолжение ја освои Гевгелија
СледноТри италијански ѕвезди се откажуваат од репрезентацијата