Елиф: Ова се 90 минути за нас, за цела нација и држава

175

На мечот со Италија не можеше да помогне поради жолтите картони, но во вторник го очекуваме во нашиот табор како освежување и изненадување за моќната Португалија. Елиф Елмас по денешниот тренинг пред заминување за Порто ги сподели своите очекувања од престојниот дуел.

„Овој е еден од најтешките и највозбудливите натпревари за сите играчи кои сме тука. Ова се наши 90 минути за да си го исполниме сонот од деца, за нас и за цела нација и држава. Мора да знаеме дека оваа шанса не смееме да ја пропуштиме. Треба да се одугра максимално, да изгинеме за да стигнеме до Катар. Мислам дека Португалија индивидуално е поквалитетна од Италија. Се игра финале, мислам дека нема да не потценат иако јас би сакал. Од секој аспект овој меч ќе биде поразличен, финале е и двете репрезентации само 90 минути не делат од СП“, вели Елиф.

Македонија попладнево со чартер лет од Скопје заминува за Порто.

 

ПретходноТри прволигашки пресметки на програмата во развлеченото 20. прволигашко коло
СледноТихо: По Италија, верувам дека можеме и со Португалија