Ибрахимовиќ: Девојките од училиште не ме сакаа поради мојот долг нос!

482

Златан Ибрахимовиќ без дилеми е човекот кој ги одбележа претходните 20 години во светот на фудбалот. Се што има сторено на теренот и надвор од него може да го пренесе на лист хартија, тој е познат по неговата искреност.

Како дете потекнува од сиромашно семејство, на почетокот на кариерата немал премногу успеси кај девојките, а една од причините е неговиот нос, кој е поголем од просечниот.

Златан отворено зборуваше дека девојките често го одбивале поради неговиот нос, но кога станал популарен тоа се променило.

„Девојките во школо не го сакаа мојот убав долг нос. Ме одбиваа иако се обидував да ги импресионирам. Но, сега кога го видоа мојот долг и убав нос во големите клубови и на ТВ, го променија мислењето, сега сум сладок. Тоа е така бидејќи Златан почна да заработува голема сума на пари“, изјави Ибра.

МедиумитеЗла, тан Ибрахимовиќ го поврзуваа со многу жени, но неговото срце го „украде“ поранешната шведска манекенка Хелена Сегер со која има две деца.

ПретходноНикола Јокиќ изедначи уште еден рекорд на Вилт Чембрлен, прекинат меч поради пожар (ВИДЕО)
СледноМесут Озил се огласи откако беше понижен