Месут Озил се огласи откако беше понижен

569

Месут Озил вчера доживеа големо понижување. Фенербахче го суспендираше од екипата, а причина е конфликтот со тренерот на тимот Исмаил Картал, кој отворено му порача дека не е задоволен од неговите настапи.

Ситуацијата ескалираше на дуелот со Коњаспор, покрај исфрлувањето од тимот, 33-годишниот германски фудбалер остана без „десетката“.

Озил, сепак остана присебен и испрати јасна порака.

„Најважен е Фенербахче“, кратко напиша тој, објавувајќи фотографија со знамето на Фенер и на Турција.

ПретходноИбрахимовиќ: Девојките од училиште не ме сакаа поради мојот долг нос!
Следно„Нашиот“ судија од Тбилиси, ќе ни суди и во Порто!