МЗТ Скопје против стариот должник во 1/4 финалето

1033

Екипата на Сутјеска е четвртфиналниот противник на стартот од плеј-офот во АБА2 лигата, што ќе биде воведен меч за избраниците на тренерот Александар Петровиќ во завршницата, која ќе се одржи во „Јане Сандански“ во Скопје (13-17 април).

Евентуалната победа против должникот од Никшиќ, кој минимално, со кош во последната секунда, ги совлада во регуларниот дел од сезоната, ќе значи полуфинале против подобриот од босанскиот дерби помеѓу Широки и Спарс.

Ова ќе биде одлична шанса за македонскиот првак да се врати во АБА-лига

АБА2 ЛИГА – ПЛЕЈОФ

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (13 април)

(1) МЗТ Скопје – Сутјеска

(2) Хелиос – Златибор

(3) Борац БЛ – Младост Земун

(4) Широки – Спарс

ПОЛУФИНАЛЕ (15 април)

(5) Победник 1 – Победник 4

(6) Победник 2 – Победник 3

ФИНАЛЕ (17 април)

Победник 5 – Победник 6

ПретходноПорто, дојдовме по визата за Катар (ФОТО+ВИДЕО)
СледноБарди го вози Елмас, „опсада“ на Ристовски