МЗТ Скопје со пораз се одјави од Широки Бриег

431

МЗТ Скопје со пораз се одјави од Широки Бриег, домаќинот на последниот „балон“ од регуларниот дел од сезоната во АБА 2-лига, откако беше поразен од Златибор со 88-84. И покрај ова актуелниот македонски првак како лидер оди во плеј-офот, кој од 13 до 17. април ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“.

МЗТ Скопје одигра слабо во првото полувреме. Златибор кој беше под притисок поради важноста за мечот, влезе далеку помотивирано. По првата четвртина имаше позитива од 29-14, Мекиќ со два поени ја намали најголемата негатива од 17 поени.

Избраниците на Александар Петровиќ го добија следниот период (15-21), но тоа не беше доволно за пресврт. На стартот на втората четвртина, противникот поведе со 36-16, на одморот беше 44-35.

МЗТ Скопје продолжи да го „брка“ резултатот, но пред себе имаше далеку поразигран тим. Некаде на средината на овој период по тајм-аутот на Петровиќ, „сино-белите“ заиграа како што треба,со серија од 12-1 дојдоа на 59-57 и застанаа. Во последните четвртина влегоа со негатива од 65-57.

Милошевиќ Кари и Дамјан целосно ја вратија неизвеноста намалија на 68-67, МЗТ Скопје можеше да поведе по долго време, но овој период имаше две промашени слободни фрлања. На три и пол минути до крајот, Дејвис одново доближи на минус еден 77-76. По новите 80-79, Робев промаши од линијата за слободни фрлања за израмнување.

Дуелот влезе во незивесна завршница, Дамјан со половична реализација од токму од линијата за слободни фрлања израмни на 82-82. По два неискористени нападит, Златибор зголеми на 86-82. Петровиќ повика тајм-аут, но тоа не смени ништо, мораше да се помири со првиот пораз во АБА 2-лига оваа сезона.

ПретходноЛетаме за Порто, а во мислите ни е Катар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Следно500.000 евра премија за пласман на СП! Ковачевски како Вучиќ, се појави во авионот пред летот на фудбалерите во Португалија! (ВИДЕО)