Никола Јокиќ изедначи уште еден рекорд на Вилт Чембрлен, прекинат меч поради пожар (ВИДЕО)

235

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар, а Денвер дојде до победа, овој пат над Оклахома со 113-107. Српскиот центар не успеа да дојде до трипл-дабл, но одново се запиша во историјата на НБА-лига.

Јокиќ мечот го заврши со 35 поени, 12 скока, осум асистенции, две блокади, две освоени топки и три изгубени топки.

Но, најмногу фасцинираше неговата ефикасност. Погоди 13 од 15 од игра, девет од 10 слободни фрлања. Кога сето ова ќе се собере, ова беше него трет меч во кариерата со барем 35 поени, 10 скока и пет асистенции, и шут од игра 85%. Ваков учинок во историјата на НБА-лига имал само Вилт Чембрлен.

Јокиќ полека се приближува до легендарнот кошаркар и по бројот на трипл-дабл, има 75, три помалку од Вилт, кој на еден меч има постигнато 100 поени.

Мечот меѓу Торонто Репторс и Индијана Пејсерс беше прекинат во првото полувреме поради пожар во „Скотибанк“ арената. Фановите мораа да ги напуштат трибините на четири минути до крајот на дуелот. Според тамошните медиуми се запалил еден од звучниците во арената.

Откако пожарникарите се качија на покривот и го изгаснаа пожарот, дуелот протодлжи, а Торонто дојде до убедлив триумф.

Резултати:
Њу Орлеанс – Сан Антонио 103:107
Орландо – Сакраменто 110:114
Торонто – Индијана 131:91
Кливленд – Чикаго 94:98
Мајами – Бруклин 95:110
Мемфис – Милвоки 127:102
Денвер – Оклахома Сити 113:107
Портланд – Хјустон 98:115

ПретходноКаков идиотизам: Кристијан Ериксен го гаѓаа со парички
СледноИбрахимовиќ: Девојките од училиште не ме сакаа поради мојот долг нос!