Познати деталите за организираниот чартер-лет за Порто

738

Иницијативата за што поголем број македонски фанови во Порто на финалето од баражот за пласман на СП 2022 меѓу Португалија и Македонија доведе и до организирање на директен чартер со навивачи од Македонија.

„ЕТЦ Травел“ организира патување на историскиот натпревар во Португалија за заедно да навиваме и да ги мотивираме нашите јунаци. За финале кое ќе се памети!

Патувањето е на денот на натпреваот. Се оди на 29 март (вторник) со лет од Скопје до Порто, а враќањето е веднаш по натпреварот. Во цената (500 евра) е вклучен авионски превоз, влезница за натпреварот и трансфери.

Сите детали можете да ги добиете на следните телефони:

📲viber / whatsapp: +389 70 390 350

📲viber / whatsapp: +389 70 227  125

📲viber / whatsapp: +389 70 338 048

ПретходноСантош: Зарем за репрезентација која ја победи Италија на гости треба да дискутираме дали е добра?!
СледноСтоперот ќе игра против Македонија: Роналдо за Пепе – “Кралот се врати, се врати“!