Вчерашното дерби во ракометната Суперлига меѓу Вардар и Е. Пелистер мина со инциденти, жежок терен, победа на битолчани.
Сепак, она што се случуваше на трибините за време и по мечот, доби и една вистинска светла точка по него. Како што објавија на социјалните мрежи навивачите на битолскиот тим, откако член на „Чкембари“ бил приведен во станица, членови на „Комити“ со автомобил, во доцните часови го донеле директно во Битола!
Ова е уште еден доказ дека навивачките кодекси се пред се!