Работнички по пресврт и продолжение ја освои Гевгелија

153

Кожув и Работнички ги загубија шансите з апласман во Супер-лигата, па до крајот на регуларниот дел од сезоната имаат една цел да запиша што поголем број на победи пред почетокот на битката опстанок.

Пресметката меѓу овие два тима вечерва беше решена по продолжение за кое се избори Горјан Марковски, во самиот финиш постигна тројка за 75-75. Дополнтелните пет минути минаа во знакот на најтрофејниот кошаркарски колектив, кој дојде до деветата победа. Оваа средба ја реши со 82-90.

Првата четвртина ја добија гостите со 14-17, на другата страна домаќинот врати со пет поени повеќе, на одморот замина со предност од 34-32. Кожув продолжи во ист ритам, а кога се чинеше дека е на добар пат да дојде до победата, Работнички одигра одлично во последниот период и се избори за продолжение.

Тука силата беше на страната на гостите, мотивирани од тројката на Марковски за продолжение, го дадоа максимумот за голема радост.

Едвин со 32 поени беше прв стрелец кај Работнички, зад него беше Балмазовиќ со 22 поени. Унрух постигна 35 поени за Кожув.

ПретходноСкопје во самиот финиш го урна Прилеп
СледноДраматичен финиш во Ф1: Верстапен го победи Леклер, лош настап на Мерцедес